Македонија

Ќерка и татко беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство

Во вчерашниот трагичен настан во Велес, животот го загубија три лица – 31-годишна жена, нејзиниот татко (74) и 39-годишен маж за кој постои сомневање дека е сторителот. Според првичните информации од полицијата, станува збор за двојно убиство по кое следело самоубиство.

Жената била пронајдена со повреди од остар предмет и веднаш пренесена во болница, каде им подлегнала на повредите. Непосредно потоа, во истиот дом бил пронајден починат и нејзиниот татко, исто така со повреди од остар предмет. Осомничениот маж бил пронајден со тешки повреди во пределот на вратот, а покрај обидите на медицинските екипи за реанимација, и кај него била констатирана смрт.

На местото на настанот интервенирале полициски екипи, Итна медицинска помош и јавен обвинител, а трите тела се пренесени на обдукција. Одземањето на докази продолжува, а истрагата е во тек, соопштија од Обвинителството.

Според надлежните, против осомничениот во минатото биле покренати постапки за семејно насилство, а неодамна му била изречена мерка за забрана на приближување до поранешната партнерка. Случајот бил во завршна фаза пред ескалацијата на трагедијата.

Претходно МВР соопшти првични информации од настанот.

Вчера во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.

На местото, како што соопшти МВР, излегле полициски службеници и констатирале дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.

Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74), кој исто така, имал повреди од остар предмет.

Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил.

Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт, соопштија од МВР

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Левица е единствен сојузник на ДУИ на овие избори

Премиерот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во текот на посетата на општина Јегуновце, се осврна на одлуката на политичката партија Левица да номинира кандидати за градоначалници во општините Тетово, Гостивар и Струга

To top