Македонија

(Фото): Скопје со ѕвездено небо се сети на жртвите од Кочани

Шест месеци без правда за Кочани, беше главната порака што стотици скопјани ја испратија од плоштадот за трагедијата во дискотеката „Пулс,“ каде што 62 млади луѓе загинаа, а над 200 беа повредени. Со светлина од мобилни телефони на собир направија „Ѕвездено небо“ за загинатите во пожарот.

Граѓани вечерва се собраа на Плоштадот Македонија во Скопје да оддадат почит на 62-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, која се случи пред шест месеци. Присутните со телефоните направија ѕвездено небо и молчеа во знак на сеќавање на загинатите деца и млади луѓе.

  • „Шест месеци има институционален молк за оваа огромна трегедија во која 62 млади луѓе го загубија животот. Тука сме да ги потсетиме интитуциите дека треба да си ја работат својата работа и од утре веќе нема да молчиме. Денеска овој молк не е исполнет само со тага туку и со лутина поради нивното непостапување“, рекоа организаторите на собирот.

Денеска во Кочани се одржа „Марш на ангелите“ на кои родителите уште еднаш побараат одговорност за сите кои дозволиле оваа трагедија да се случи. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 млади и деца, а 200 беа повредени.

Најнови вести од: Македонија

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

To top