Македонија

Пронајден исчезнатиот Ѓорѓе, по кого се трагаше од неделата

Исчезнат

Пронајден е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од тетовското село Фалипе, потврдија од семејството за „Скопје1“. Тој е контактибилен и е во болница на дополнителни проверки.

Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба. Серафимовски беше исчезнат од неделата, а по него се трагаше три дена.

Семејството упати благодарност до сите кои помогнале во потрагата.

Најнови вести од: Македонија

Пожар се заканува на бензинска пумпа

Иако засега нема проценка за неконтролирано ширење на пожарот, близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара внимателно следење и брза реакција на терен, предупреди синоќа директорот на ДЗС Стојанче Ангелов

35 години „Матица Македонска“

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом

Почнува судскиот процес против Артан Груби и уште седуммина

Обвинетите за злоупотреби во „Државна лотарија“, наместо за проневера во службата, сега се гонат за друго кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна. Второобвинетиот , Перпарим Бајрами, е се’ уште во бегство

To top