Македонија

Уставниот суд не поведе постапка против правилникот на ДИК – кандидатурите за градоначалници со само 2 потписа се уставни и законски

Поднесители на иницијативата до Уставниот суд против правилникот на Државната изборна комисија се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, застапувано од претседателот Тодор Петров, и Стевче Стојанов.

Нема никакви правни пречки да учествуваат на претстојните локални избори независните кандидати, кои ги поткрепија кандидатурите со најмалку 2 потписа од граѓаните. Уставниот суд денеска не поведе постапка по двете иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на правилникот на Државната изборна комисија (ДИК). Тоа значи дека е во согласност со Уставот и со Изборниот законик правилникот, што го донесе ДИК, според кој може да се поднесат кандидатури за градоначалници и советнички листи со најмалку два потписа. 

Од судот објаснуваат дека не се прифатени наводите на поднесителите, кои сметаа дека со донесувањето на правилникот Државната изборна комисија се ставила во улога на законодавец. Поднесители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, застапувано од претседателот Тодор Петров, и Стевче Стојанов.

ДИК го донесе правилникот за да ја пополни правната празнина, откако Уставниот суд го укина членот од Изборниот законик, со кој се утврдуваше праг од 1 отсто за собрани потписи за кандидатура, а Собранието не успеа да донесе нова норма.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top