Македонија

Одреден притвор за крадците на биста од гробиштата „Бутел“

Четворицата осомничени на 17 септември од алејата на заслужни граѓани на градските гробишта во Бутел успеале ја да откорнат бронзената биста од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб кои на  17 септември од Алејата на заслужни граѓани на градските гробишта во Бутел успеале ја да откорнат бронзената биста од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

При соборувањето на бистата осомничените ја оштетиле и платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

„Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле до жичената ограда каде што претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат“, велат од ОЈО.

Проценетата вредност на бистата изнесува околу 320.000 денари.

За дрската кражба, јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за четворицата осомничени.

За случајот претходно информираше и МВР наведувајќи дека четворицата осомничени на возраст од 22, 26 и 49 години биле приведени попладнето на 17 септември откако во автомобил „пежо“ со скопски регистрации била пронајдена и одземена бронзена биста која претходно ја одзеле од гробиштата во Бутел.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top