Македонија

Уставна судијка се пофали со гардероба со лого на највисокиот суд во Македонија

Од оваа недела модна новина во Уставниот суд

Уставната судијка Татјана Васиќ Бозаџиева на социјалните мрежи се пофалила со ново службено палто со лого на највисокиот македонски суд.

Читатели на expres.mk испраќаат објавена фотографија од уставната судијка која во објавата раскажува за новината од Уставниот суд.

,,Од неделава имаме и службени палта. Логото на Уставниот суд го краси реверот.
Тогите за седници, а палтата за други официјални средби”, напишала уставната судијка Татјана Васиќ Бозаџиева.

Васиќ – Бозаџиева е една од вкупно 9 члена на уставниот суд. Таа беше избрана од власта на СДСМ и ДУИ во 2022 година и важи за една од најбогатите луѓе во правосудството пред да стане уставен судија.

Што објави порталот SCOOP за неа кога беше избрана за уставна судијка:

Биографија

М-р Татјана Васиќ-Бозаџиева е родена на 27.07.1973 година во Скопје. Васиќ-Бозаџиева е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Магистер на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје од областа на граѓанското право. Правосудниот испит го положила во 2018 година. Во своето богато работно искуство работела во Министерството за финансиии и Министерството за правда, Агенцијата за катастар и недвижности, Државниот завод за ревизија, Министерството за здравство. Има учествувано на разни семинари, обуки и работни групи од областа на работењето. На 28.10.2022 година е избрана за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Имотна состојба
Анкетниот лист на судијката во Уставниот суд на РСМ, М-р Татјана Васиќ-Бозаџиева вреди 431.893 илјади евра. На свое лично име има пријавено стан во Скопје и моторно возило „Пежо 307“. Поседува трансакциски сметки и долг на име кредит. Во своја сопственост има пријавено и сеф. На име заеднички имот пријавила куќа со одмор во Маврово. На својот брачен другар, Васиќ-Бозаџиева пријавила четири стана во Скопје, земјоделско земјиште во Радовиш, две земјишта под објект во Скопје, две гаражи во Скопје и помошни простории. Две возила „Мерцедес“ и „Пијаџо“. На име на брачен другар има пријавено и акции, побарувања по основ на дадени заеми и рента. Поседува и осум трансакциски сметки, дозволено пречекорување на сметка, кредит. Удели во фирма и сеф. На имот деца пријавила трансакциска сметка. Имотна состојба: 431.893 евра

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес

Традиционално моштите на Свети Георгиј Победоносец во литија ја осветија Струга

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот верниците повторно имаа можност да се поклонат пред моштите и чудотворната икона на светителот, а беше приредена и културно уметничка програма

Ѓорѓиевски: Камениот мост во срцето на Скопје добива нов сјај

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост

(Видео): Пропаѓа ли викенд-туризмот кон Грција?!

Пресметавме дека тоа се некаде околу 250.000 туристи. Тоа се истите туристи кои што одат викенд четврток – недела или петок – понеделник во Грција и тие ќе бидат засегнати со овој систем. Другите кои имаат свои куќи, станови, приколки, тие секако ќе одат и ако треба ќе чекаат и по повеќе часови и ќе поминат граница – рече Керим.

To top