Македонија

Опустошиле шума од 6 илјади хектари за една година – 15-мина вклучени во нелегална сеча на дрва

Отворена истрага

Дрвна маса во количина од 1,5 милион кубни метри, со вредност од над 6,4 милијарди денари нелегално била исечена организирано од 15 осомничени од источна Македонија. 

Криминалната група во текот на 2025 година опустошила шума во површина од 6.000 хектари во сопственост на ЈП „Национални шуми“ – Подружница Малешево.
Полицијата поднесе кривична пријава а обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против 15мина. Некои од нив вработени во МВР, во ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а има и невработени граѓани.
Дел од полициските службеници не преземале мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли, додека директорот на подружницата на Национални шуми ја одобрувал нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите.

 

„Првосомничениот, во име на правното лице, во август и септември дал поткуп од 6100 евра на директорот на Национални шуми за да дозволи нелегална сеча” стои во соопштението.


На товар на останатите обвинителството им става
злосторничко здружување, пустошење на шуми, злоупотреба на службена положба и овластување, како и давање и примање поткуп и бара од кривичниот суд во Скопје сите да одат во притвор. 

Најнови вести од: Македонија

Македонски политичар по свадбата го објави името на неродениот син, ќе се вика Никола

Ја крунисавме нашата љубов со брак. Зад нас оставивме одличен забавен ден, поминат со луѓе кои навистина знаат како да се радуваат на нашата среќа, пред нас следува нова страница од животот, објави екс пратеникот и екс градоначалник на Струмица Костадин Костадинов. Тој го објави името на синот што го очекуваат со саканата која е […]

Муцунски: Патот кон ЕУ мора да се темели на заслуги, не на билатерални прашања! – Позицијата на Бугарија е агресивна и радикална!

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top