Македонија

Мицкоски: Нема повисоки плати за оние кои имаат доверба од 2 отсто

Ова би значело 100 милиони долари годишно, а 250 милиони долари во рок од неколку години

Барањето на ЕК за зголемување на платите на судиите и обвинителите нема да биде прифатено изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

„Нема да го прифатиме барањето за зголемување на средствата за судиите и обвинителите, кое во измените на законите бара судството да добие 1,3 проценти од БДП годишно, или двојно повеќе од износот што е моментално таму“

„Ова значи 100 милиони долари годишно, а 250 милиони долари во рок од неколку години. Лично, верувам дека овие плати што ги добиваат моментално не ги заслужуваат бидејќи имаат проценка од само 2 проценти.

Со она што го бараат, платите на судиите и обвинителите би се движеле од 300 до 350 илјади денари месечно. Затоа побаравме од Министерството за финансии да направи компаративна анализа за тоа колку е издвоено за судството во Германија, Хрватска, Унгарија… и да ја презентира пред ЕК“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека првичните резултати од анализата покажуваат дека во Германија, за судството се издвојуваат многу помалку буџетски средства отколку што се издвојуваат и бараат од нас.

Мицкоски рече дека нема да биде прифатено ниту барањето за либерализација на цените на електричната енергија.

„Не сите барања од ЕК во однос на законите ќе бидат прифатени, особено барањето за либерализација на цените на електричната енергија за домаќинствата нема да биде прифатено. Ова значи зголемување на цената за два до три пати, особено во првите три години од либерализацијата“, додаде Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

To top