Свет

Португалија утре ќе признае палестинска држава

Израел се соочува со растечко глобално незадоволство поради војната во Газа

 

Министерството за надворешни работи на Португалија соопшти дека официјален Лисабон утре ќе ја признае палестинската држава, објави Ројтерс.

Официјалната декларација за признавање ќе се одржи пред конференцијата на високо ниво следната недела.

Министерот за надворешни работи Пауло Рангел претходно оваа недела изјави дека земјата размислува за признавање на палестинска држава.

За разлика од соседна Шпанија, чија левичарска влада ја призна палестинската државност во мај 2024 година, заедно со Ирска и Норвешка, и ги повика другите земји од ЕУ да го сторат истото, Португалија зазеде повнимателен пристап, велејќи дека прво сака да изработи заедничка позиција со другите земји од ЕУ.

Само неколку од 27-те земји-членки на Европската унија ја признаваат Палестина како држава – претежно поранешни комунистички земји, како и Шведска и Кипар.

Генералното собрание на ОН го одобри де факто признавањето на суверената држава Палестина во ноември 2012 година, подигнувајќи го нејзиниот статус на набљудувач во светското тело од „субјект“ на „држава нечленка“.

Израел се соочува со растечко глобално незадоволство поради војната во Газа.

Медиуми јавуваат дека и Малта официјално го информираше палестинскиот претседател Махмуд Абас за одлуката за признавање на државата Палестина за време на конференција на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

To top