Македонија

И Џи-пи-ес на возилата со црвени таблички

На повидок уште една мерка против злоупотeрба на службени возила

 

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за службените возила кои треба да поседуваат специјални регистарски таблички со цел зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила за граѓаните да можат лесно да ги разликуваат, и истите доколку постои злоупотреба да ги пријават.

Томовски, во гостување на Сител, објасни дека дел од службените возила се надвор од употреба и истите ќе бидат продадени по изборите и посочи дека во тие 7.500 возила спаѓаат и возилата на МВР, МНР, АНБ, амбулантните возила, и сите останати во државна сопственост, потенцирајќи дека за да се функционира непречено не би било потребно да има повеќе од 2.000 возила.

„Отпочнавме формирање на работна група меѓу Министерството за внатрешни работи и СОЗР и ќе се пристапи кон промена и измена на регулативата да видиме во рамките на законите коишто се пропишани во државата, дали има шанса нешто да се направи околу казнувањето во случај на злоупотреба. Очекувам дека тоа ќе се заврши заклучно крајот на годината, бидејќи до тогаш МВР презема одговорност да го искреира оној регистар на возила кадешто тука ќе бидат и сите возила на државата па заедно со изработката на тој регистар да можеме ние да предвидеме промена на таа регулатива па да следат и казни за можните злоупотреби.

Чекаме да се заврши регистарот на возила и веднаш штом го завршиме тој процес во соработка со МВР ќе направиме една таква владина одлука, сите возила да бидат обележани со ГПС- да може максимално да ги откоренеме злоупотребите на возилата, истакна Томовски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top