Македонија

„Школи на 21. век“ во училиштата од јануари 2026 година

Јавниот сектор спорадично користи вештачка интелигенција

Есенва ќе почне подготовката на наставниците за проектот „Школи на 21. век“ што треба да почне од јануари 2026 година. Тие, како што информираше денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ќе ги учат алатките на вештачката интелигенција (ВИ) и сајбер безбедноста во наставата, како и примената на кодирањето.

Андоновски оцени дека ВИ во јавниот сектор сè уште се користи спорадично.

– Кон крајот на есента ќе почнеме со работа со наставниците, а во почетокот на јануари и со школите, најпрво во руралните средини. Паралелно, што се однесува на вештачката интелигенција, ја носиме националната стратегија на ИКТ. До крајот на есента мислам дека ќе помине на Влада. Еден од клучните столбови е ВИ, што значи дека ќе имаме специјален акциски план и рамка за нејзино прифаќање, прво во јавниот сектор, а потоа и во приватниот – истакна Андоновски.

Според Државниот завод за ревизија, напомена министерот, има десетина проекти со употреба на ВИ во јавниот сектор.

– Тоа не е нешто што е систематски. Јас лично повеќе претпочитам вистински да се користат алатките на машинско учење и ВИ во работата, отколку од тоа да се прави само пиар – подвлече Андоновски.

Првата пилот фаза на проектот „Школи на 21. век“ покажала дека наставниците се многу задоволни од функционирањето, а пристапот бил приемчив и за учениците.

– Мислам дека се подготвени и наставниците и учениците полека, алатка по алатка да стигнат до целосна употреба на ВИ. Но, одиме чекор по чекор – рече министерот Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top