Регион

Во училиштата во Бугарија ќе се учи религија, но не и ислам

Може да се изучува само ако повеќе од 10% од населението се идентификува со неа, а муслиманите во Бугарија се само 9,8 %

Предложените измени во училишниот закон од страна на бугарското Министерство за образование и наука, со кои се воведува нов предмет „Доблести и религии“ во училиштата, практично го исклучуваат исламот од можните религии што учениците ќе можат да ги изберат, пишува бугарски „Сега“

Причината е пишаниот услов според кој религијата може да се изучува само ако повеќе од 10% од вкупното население на земјата се идентификува со неа.

А муслиманите се 9,8% од луѓето во Бугарија.

Како што веќе беше објавено неколку пати, во рамките на новиот предмет „Доблести и религии“ учениците ќе можат да изберат три опции – религија-православие (конфесионално), религија-ислам (конфесионално) или доблести/етика, а за овој предмет нема да има оценки.

Според податоците од последниот попис, во Бугарија има 638.708 муслимани, од вкупното население кое изнесува 6.519.789 луѓе.

Така, според текстот на предлог-законот, предложен од Министерството за образование и наука и усвоен од Владата, единствената религија што може да се изучува по новиот предмет во училиште е христијанството.

Најнови вести од: Регион

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

To top