Македонија

Меџити: Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“ во Скопје ќе го врати него и Чаир „во центарот на културната мапа на Албанците“

„Порта на културата“ „ќе прерасне во нова традиција, што ќе ги претставува албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.“ – истакна вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Вреди Изет Меџити по неговата денешна средба со познатиот албански оперски тенор Рам Лахај во Скопје

„Скопје ќе има Национален фестивал на албанската култура ‘Порта на културата’ – настан, што ќе ги обедини музиката, театарот, филмот, литературата и визуелните уметности во единствена манифестација. Ова беше темата на разговор со мојот пријател, светски познатиот албански тенор Рам Лахај, додека пиевме кафе во нашата прекрасна чаршија.“ – објави вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити по средбата со тенорот Лахај во Старата чаршија во главниот град.

Најавувајќи ја преку општествената мрежа иницијатива, Меџити истакна во изјава за медиумите дека се работи за „голем проект во сферата на културата, кој ќе ги врати Чаир и Скопје во центарот на културната мапа на Албанците“.

Според Меџити, главниот град ќе биде домаќин на Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“ како „ единствен настан што ќе ја обедини музиката, театарот, филмот, литературата и ликовната уметност на една сцена“. Меџити му ја претстави идејата за овој фестивал на познатиот тенор, при што „биле споделени заеднички визии“.

Изет Меџити додава дека „Порта на културата“ „ќе прерасне во нова традиција, што ќе ги претставува албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста“.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат предмет на преговори

Ова го изјави министерот за надворешни работи во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија, што започна вчера попладне во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур

Сијарто: Унгарија ќе ѝ помогне на Србија во снабдувањето со енергенси и ја поддржува нејзината интеграција во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска е во Белград за да разговара за деталите за тоа како Унгарија ќе ѝ помогне на Србија откако беа прекинати испораките на нафта од Хрватска, изјави министерот во видео објавено на Фејсбук.

To top