Свет

Трамп сака пак Американец да биде командант на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја одржи традицијата американски генерал да биде врховен командант на НАТО, барем засега, објави Ројтерс Самиот Трамп го изјави ова во приватен разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Одлуката ќе ги увери европските сојузници на НАТО, па дури и некои од колегите на Трамп од Републиканската партија, поради […]

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја одржи традицијата американски генерал да биде врховен командант на НАТО, барем засега, објави Ројтерс

Самиот Трамп го изјави ова во приватен разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Одлуката ќе ги увери европските сојузници на НАТО, па дури и некои од колегите на Трамп од Републиканската партија, поради загриженоста дека тонот на Вашингтон кон Европа и скептицизмот во врска со војната во Украина би можеле да доведат до повлекување на Америка од својата лидерска улога, објави Ројтерс.

Според американските претставници, се очекува САД во наредните денови да го номинираат генерал-потполковникот на американските воздухопловни сили Алекс Гринкевич за следен врховен командант на сојузничките сили во Европа и началник на американската европска команда.

Позицијата врховен командант на сојузничките сили во Европа, која е одговорна за сите операции на НАТО во Европа, ја држи американски генерал од нејзиното создавање по Втората светска војна.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top