Македонија

Почнува дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината

По пожарот во отпадот за електрична опрема

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, што ќе се одржи утре и задутре, 24 и 25 септември, информираа министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски.

– Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта, појасни министерот Алиу.

Предвидено е скринингот да опфати: комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

– Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија, појасни министерот Алиу.

Со оваа акција, како што посочи министерот, се овозможува навремено детектирање евентуални симптоми кај населението, со цел обезбедување на потребната здравствена заштита.

Зафировски како што рече, била започната една убава акција и оти здравјето на граѓаните е пред сѐ.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

To top