Бизнис

Бизнис-секторот во Владата има партнер кој дава голема поддршка за развој на домашните компании

Ристевски од Битола

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претставници на бизнис-секторот во Битола и пелагонискиот регион.

На средбата присутните дискутираа за економските прилики во државата, а заменик-министерот Ристески презентираше дел од мерките кои Владата и  министерството за економија и труд ги нудат за поддршка за домашното стопанство.

– Како никогаш досега бизнис-секторот во Владата има партнер отворен за соработка и поддршка за растот и развојот на домашните компании. Започната е распределбата на средствата обезбедени од Унгарскиот кредит по поволни услови за компаниите во висина од 250 милиони евра, а голем број од домашните компании се главни носители и на инвестицискиот бум во општините преку реализација на капиталните проекти поддржани со дополнителни 250 милиони евра. Паралелно со поддршката за компаниите, имаме големи инвестиции во инфраструктурата преку изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и изградбата на автопатот Прилеп-Битола, со што имаме сообраќајно поврзување на регионот и можност за поголем економски развој на регионот  – кажа Ристески.

​

На средбата Ристески потенцираше дека граѓаните и компаниите од Битола покажале голем интерес за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година, каде за мерката за самовработување се пристигнати 216 апликации, додека за мерката за поддршка за раст на компаниите пристигнати се 50 апликации за вкупно 57 вработувања.

Тој додаде дека овие средби со бизнис секторот се одлична можност да се слушнат нивните мислења за програмите и мерките на Владата и министерствата, да се дискутира за тоа дали треба истите да продолжат да се спроведуваат или треба да претрпат одредени измени, како и дали можеби треба да се имплементираат целосно нови.

Градоначалникот Коњановски изјави дека во Битола има сериозни инвестиции во локалната инфраструктура, а општината има добиено повеќе од 15 милиони евра во двата јавни повици за средства за капитални проекти од Унгарскиот кредит.

Мирко Велковски од регионалната Стопанска комора изјави дека пелагонискиот регион изминатиот период има голема поддршка и компаниите остваруваат зголемен раст кој на годишно ниво е помегу 4 до 5 проценти. Тој додаде дека постои голем интерес кај стопанствениците за инвестиции за развој, пред се во областа на зелени инвестиции и транзиција, како и туризмот .

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

Најнови вести

To top