Регион

Словенија му забрани влез на Нетанјаху во земјата

Владата во Љубљана на својата денешна седница го прогласи израелскиот премиер за непожелна личност

Словенечката влада на денешната седница го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за персона нон грата.

Државната секретарка во Министерството за надворешни работи, Неве Грашич, потсети дека Словенија презела иста мерка и против министрите Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич, кои беа прогласени за непожелни личности во јули.

„Јавноста е запознаена дека се водат постапки против Бенјамин Нетанјаху за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики ги кршат и меѓународното хуманитарно право, и човековите права“, рече Грашич.

Таа додаде дека со оваа одлука, Владата испраќа јасна порака до Државата Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и на меѓународното хуманитарно право, објавија словенечките медиуми.

Со тоа, Словенија „ја потврдува својата посветеност на меѓународното право, универзалните вредности на човековите права и принципиелна и конзистентна надворешна политика“.

Словенија, членка на Европската унија што ја призна палестинската држава минатата година, во август воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top