Македонија

Ќе се извини ли Жерновски што ширеше лажна вест за Сиљановска и ,,Восочниот Трамп”

Жерновски ја ,,лапнал” лажната вест и сега молчи

Екс лидерот на ЛДП кој сега е висок функционер на СДСМ а пред неколку месеци беше вратен од амбасадорската позиција во Романија се исмеваше со претседателката Гордана Сиљановска Давкова објавувајќи лажна вест дека таа се сликала со восочна фигура на претседателот на САД Доналд Трамп.

Без никаква проверка Жерновски кој за себе тврди дека е сериозен политичар и дипломат во обид да ја навреди објавил дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова подолго време разговарала со Доналд Трамп и не забележала дека тој е восочна фигура.

,,”Восочниот” Трамп издржува со насмевката, ама насмевката на “восочната” Меланија – се топи. Мислам дека едно извинување од “восочниот” Andrej Zernovski би било коректен гест од негова страна. А не само бришење на постот во кој тој ја исмеваше Гордана Силјановска Давкова, тврдејќи дека се сликала со восочни фигури на Трамп и Меланија. Некои медиуми ја лапнаа лажната вест. Јас, пак, проверував, барав објаснување. Не е баш за сабота навечер…”, пишува новинарот Бранко Героски за однесувањето на Жерновски.

Екс заменик министер за надворешни работи за време на промена на името го избришал постот кој го напишал со јасна цел да ја навреди Сиљановска Давкова.


Повеќе други медиуми без да проверат објавија лажна вест за восочниот Трамп, на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

To top