Македонија

Клиника Жан Митрев дел од Регионалната школа за срцева слабост

Усовршување

Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата.

После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководство на проф. д-р Томас Лушер, доц. д-р Тања Анѓушева заедно со претседателот на Македонското здружение по кардиологијa проф. д-р Јорго Костов и организациониот одбор ја организираа реализацијата на школата и во нашата земја. Регионалната школа по срцева слабост беше подржана од Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA) и реномираните центри London Heart House и Zurich Heart House кои неколку децении наназад традиционално ја одржуваат оваа школа.

Истата е акредитирана и во Европскиот Акредитацијски совет за континуирана медицинска едукација. Клучни предавачи на школата беа еминентниот проф. д- р Томас Ф. Лушер претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Марко Метра претседател на Европската асоцијација за срцева слабост, проф. д-р Петар Сеферовиќ поранешен претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Јакопо Оивиото лидер во третманот на хипертрофичната кардио-миопатија, проф. д-р Филипо Креа одговорен за едитирање на стручни списанија при Европското здружение, проф. д-р Јадранка Стојановска лидер во Магнетната дијагностика, и многу други страни и домашни предавачи.

Клиничката болница Жан Митрев учествуваше преку предавањето на доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија, кoja e еден од директорите на Школата. Експозето на доц. д-р Анѓушева беше на тема „Справување со акутна срцева слабост“ во сесијата наменета за Акутна и напредна срцева слабост. Свое учество имаше и проф. д- р Милка Клинчева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија на тема „Магнетната резонанца на срце во дијагностика на срцевата слабост“.

Конференцијата дополнително ја збогатија и предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија, кои со 250 кардиолози како присутни споделија искуства и најнови сознанија, отворајќи нови перспективи за третман и истражување. На школата имаше пријавено слушатели и од Холандија, Италија, Турција и Грузија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top