Македонија

Гаши: Нема веќе протести пред Собрание

Во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието, спикерот Африм Гаши најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе […]

Во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието, спикерот Африм Гаши најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона

Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе се забранат и сите градежни активности и поставување на инсталациона или линиска инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.

Според член 8 од законот, ќе бидат забранети:

Градежни активности;

Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;

Јавни собири, протести и манифестации;

Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.

Со законот се предвидува и укинување на сите претходно одобрени дозволи за градба во оваа зона, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.

Покрај Африм Гаши, предлогот е потпишан и од пратениците Беким Коку, Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски. Надлежно работно тело за разгледување на законот е Комисијата за одбрана и безбедност.

Предлогот доаѓа во период на зголемени политички тензии и зачестени протести, што веќе предизвикува реакции во јавноста и кај граѓанските организации, поради можноста за ограничување на уставно загарантираните права и слободи.

Најнови вести од: Македонија

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top