Македонија

По изборите ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, рече премиерот

По локалните ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, затоа што мора еднаш засекогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот. СДСМ и ДУИ грчевито ќе се борат за спас во корумпираното судство и обвинителство, бидејќи тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност, истакна на вечерашниот митинг во Струга претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

На митингот во Струга, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека по локалните избори ќе се посвети на борбата против корупцијата во судството и обвинителството, истакнувајќи дека тоа е клучниот бастион на криминалот во државата. Тој посочи дека СДСМ и ДУИ, според него, ќе се обидат да ги заштитат своите позиции и да избегнат одговорност,

– Судството и обвинителството денеска служат како заштита на корумпираните функционери. Секој случај што го поднесовме завршува без обвинителен акт, бидејќи недостасува волја, а во институциите главни се аргатите на СДСМ и ДУИ, подвлече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата нагласи дека корумпираните политичари не можат да бидат одговорни без поддршка од корумпирани обвинители и судии. Тој најави реформи кои, како што рече, ќе ја откријат вистината и ќе ја вратат правдата во земјата.

Мицкоски исто така го коментираше и, како што рече, тајниот договор меѓу Левица и ДУИ за одржување на нивната позиција во Струга, за што според него целта е дисипација на анти-ДУИ гласовите и поделба на граѓаните.

– Стружани имаат два избори: да се вратат кон темното минато на криминал и корупција или да изберат чесни кадри кои ќе се борат против трулиот систем. Вистинскиот избор е советничката листа предводена од професорот Коста Хиохи, нагласи Мицкоски, додавајќи дека со поддршка на оваа листа ќе се обезбеди развој и подобрување на условите за живот во Струга.

Мицкоски најави конкретни проекти кои ќе бараат да се реализираат со поддршка од Советот: целосна реконструкција на водоводната мрежа, изградба на катна гаража и нова градинка за намалување на листата на чекање од 400 деца.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, ги повика стружани на локалните избори да го поддржат бројот 9 и да донесат нова надеж за градот, со цел да се овозможи подостоинствен живот и реализација на проекти за развој.

Носителот на советничката листа, Коста Хиохи, го истакна фокусот на програмата на конкретни проекти за Струга: санација на дивите депонии, набавка на возила за селектирање на отпадот, ревизија и санација на водоводната мрежа, заживување на
старата струшка архитектура и изградба на катни гаражи за преку 300 возила.

Хиохи ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 19 октомври и да го заокружат бројот 9 за промени, развој и подобар живот во Струга.

Најнови вести од: Македонија

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top