Македонија

Вработените од „Паркови и зеленило“ си ја бараат августовската плата

Како можни, блокади се најавуваат на Мостот „Гоце Делчев“, на „Паризанска“ и на „Илинденска“

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“, и за денеска најавија продолжување на протестот и најавија двочасовна блокада на повеќе скопски сообраќајници во периодот од 10 до 12 часот.

Како можни, блокади се најавуваат на Мостот „Гоце Делчев“, на „Паризанска“ и на „Илинденска“

Тие вчера два часа го блокираа булеварот „Илинден“ поради нередовна исплата на плати.

Вработените се пожалија дека веќе две недели ја немаат земено августовската плата, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември, изјави денеска претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски.

Изрази надеж дека ќе наидат на разбирање од менаџметот на „Паркови и зеленило“, кое е одговорно за платите во овие три фирми и дека таа ќе биде исплатена.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top