Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде среден град со многу паркови и зеленило

Чисто, со нови возила за хигиена, ѓубрето редовно ќе се собира, а депониите ќе се исчистат. Проблемот со притисокот на водата ќе биде решен

Како што сакаат чист дом, скопјани сакаат и чист град. И скопски, а и човечки е градоначалникот тоа да им го овозможи, објави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

-Успехот е резултат на голем број мали победи. Кога се сака, сѐ се може! Скопје ќе биде среден град со многу паркови и зеленило, кое редовно ќе се одржува. Чисто, со нови возила за хигиена, ѓубрето редовно ќе се собира, а депониите ќе се исчистат. Проблемот со притисокот на водата ќе биде решен, вели тој.

Ѓорѓиевски порача дека плоштадите, улиците и булеварите ќе се чисти, а ќе се изградат и нови.

-По нив ќе се возат нови автобуси! Вашата доверба е моја голема обврска. Да обезбедам достоинствен живот во секое маало, за секој човек. Скопје го правиме заедно. По скопски, порача тој.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top