Македонија

Ѓорѓиевски има решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

Изградба на клучка Хиподром е решението

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција во Хиподром од каде ги најави проектите за општина Гази Баба

„Во Општина Гази Баба сакам да ги најавам следните проекти:
Прво, изградба на клучката Хиподром;
Второ, изградба на трета лента на булеварот Александар Македонски
Трето, изградба на првата фаза од булеварот Хрватска
Четврто, изградба на нов водоводен крак за Автооманда и Железара, и селата во Гази Баба
Пето, поврзување помеѓи Гази Баба и Аеродорм
Шесто, реконструкција на улицата Перо Наков и нејзино поврзување преку нов мост со булеварот Февруарски поход“, потенцира Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека денес сме во општина Гази Баба, на местото каде што ќе се гради клучката во Хиподром, еден од клучните инфраструктурни проекти предвидени во мојата програма, кој ќе значи растоварување на сообраќајот на источниот влез во Скопје.

-Со години наназад, токму тука се создава сообраќаен метеж, кој посебно во утринските часови знае да трае со часови. Со изградбата на клучката Хиподром и третата лента на булеварот „Александар Македонски“, од мостот кај Сингелич (Ченто) до мостот во Автокоманда, ќе овозможиме значително зголемување на протокот на возила и нивно насочување кон Гази Баба.
Клучката Хиподром ќе обезбеди директно поврзување со улицата „Пролетна офанзива“, која најмногу ја користат возачите што доаѓаат од Куманово и Велес, и на тој начин ќе се елиминираат долгите колони при влезот во Скопје. Во исто време, преку булеварот „Александар Македонски“ ќе се овозможи брз и ефикасен проток на возилата кон Автокоманда, со што ќе се растовари целиот источен дел на градот. Со тоа не само што ќе се решава секојдневниот метеж, туку и ќе се модернизира градската инфраструктура и ќе се олесни пристапот до индустриските и станбените зони.
Паралелно започнуваме и со изградба на првата фаза на булеварот „Хрватска“. Со овој проект воспоставуваме стратешко поврзување меѓу Гази Баба, Бутел и Чаир, од мостот во Автокоманда до повозникот меѓу Чаир и Бутел, како дел од внатрешната обиколница на Скопје, што ќе овозможи растоварување на центарот, нови можности за локална поврзаност, економски развој и интегрирање на европски стандарди во сообраќајното планирање, додаде Ѓорѓиевски.

На изградбата на првата фаза на булеварот „Хрватска“, ќе и’ претходи изградба на нов водоводен крак, инвестиција која е клучна за подобрување на водоснабдувањето во високата зона на Автокоманда и Железара, како и во селата на Гази Баба поврзани со градскиот водовод. Со тоа ќе обезбедиме стабилен притисок, сигурна испорака и значително подобар квалитет на услугата за илјадници домаќинства, особено во летните месеци, додаде кандидатот за градоначалник за Град Скопје.

Исто така, би сакал да ги нагласам и новите поврзувања меѓу Гази Баба и Аеродром: поврзувањето на булеварот „Александар Македонски“ со булеварот „АСНОМ“ преку мостот „Михаило Апостолски“, како и реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ и нејзиното поврзување со булеварот „Феврузарски поход“ преку нов мост на реката Вардар, нагласи Ѓорѓиевски.

Со севкупната реализација на овие големи инфраструктурни зафати ќе се растовари метежот во источниот дел на градот, кој е воедно и влез во Скопје. Ќе создадеме брзи, функционални и безбедни врски меѓу општините, ќе го олесниме секојдневието на граѓаните и ќе поставиме нови стандарди за урбано и сообраќајно планирање, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Запленети дури 237 парчиња електричен алат без документација, уапсени двајца

Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.

Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, рече претседателката на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

На свеченоста во Музејот на македонската борба за самостојност, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, министри, пратеници и општественици, таа подвлече дека Свети Климент Охридски, е нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител, рече таа, е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство.

Несими: „Бугари во устав“ е политички проблем, оти Бугарија ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја, а може да уследат и нови барања!

„Вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Поради оваа причина, вклучувањето на Бугарите во Уставот за дел од јавното мислење и политичкиот спектар е болно и неприфатливо, не поради бугарските граѓани во земјата, туку поради притисоците од Софија во текот на годините. Меѓутоа, историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш.“ – наведува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Историска можност, што не треба да се изгуби“.

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

To top