Македонија

Макронова Франција, која се меша во внатрешните работи на многу држави, е „санстефанска маќеа“ за Македонија, а „европска мајка“ за Бугарија! (2)

Со оглед на активираното сценарио за уривање на Македонија како држава, ќе мора локалните избори на 19 октомври да бидат не само изјаснување за нови, поквалитетни локални власти и подобро функционирање на општините, туку и референдум за опстојот и просперитетот на Македонија како држава и заеднички дом за сите нејзини граѓани, без оглед на нивната етничка и политичка припадност.

Пишува: Свето Тоевски

Во првиот дел од анализата на оваа тема се осврнав на „Предлог-резолуцијата за заедничките државни и национални позиции околу евроинтегрирањето на С.Македонија“, за која се разговарало на 9.9.2025 година во Париз со политички личности, кои се дел од поширокиот, или од поблискиот тим на францускиот претседател Емануел Макрон. Дали Французите беа „консултанти“, „инструктори“ или се автори на Предлог-резолуцијата за промена на македонскиот устав? Дали Французите продолжуваат со својата потрага „по правда за бугарските барања“, според теркот на Макрон?! Официјален Париз е должен да даде одговори пред македонската јавност која е неговата улога во врска со овој предложен документ.

Веднаш на почетокот од оваа анализа отфрлам било чија и најмала помисла дека се ставам во функција на предизборната кампања на која било партија против која било друга партија. Основата на оваа споредбена политиколошка анализа се исклучиво автентичните државно-национални интереси на Македонија и македонскиот народ, како и на сите други граѓани независно од нивната етничка и политичка припадност. 

Емануел Макрон во улога на „бугарски адвокат“, кој бара „правда за бугарските барања“

Франција е државата, од која Македонија го доби катастрофалниот француски предлог. Франција во 2022 година целосно застана зад Бугарија во нејзиниот спор со постоењето на македонската етничка и јазична засебност на Балканот. Лично францускиот претседател Емануел Макрон на 23 јуни 2022 година ќе истапи целосно во улога на „бугарски адвокат“ и ќе побара „правда за бугарските барања“, велејќи: „Уште една земја (Бугарија) со задоцнување побара промени (на Уставот), меѓутоа ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат!“ Највисоките претставници на бугарската држава истапуваат веќе неколку години со барањето за уставни промени и во него е главен изразот „бугарски државотворен народ во Македонија“. 

Внесувањето на „бугарскиот државотворен народ“ во преамбулата на македонскиот устав, според истакнати светски политички експерти, би значело „државотворните Бугари“, согласно со меѓународното право, да здобијат право на самоопределување сѐ до отцепување на својот „бугарски дел“ од македонската територија и потоа да си го припојат кон „матичната држава Бугарија“. Затоа, на пример, во Шпанија и Словачка, држави-членки на ЕУ со мултиетничко население, не се ни помислува етничките малцинства, или етничките групи (што Бугарите не се воопшто во Македонија) да можат да добијат уставно признат статус како „државотворен народ“, што бара Бугарија за 3504 Бугари во Македонија.

„Француско-бугарската резолуција“ за „македонските црвени линии“ кон ЕУ е „темпирана мина“, ставена во „заседа“ да се активира во соодветен момент, арно ама ако се укаже!

Споменатата „Предлог-резолуција“ со „директивите“ да се внесат „бугарските државотворци“ „најдоцна до 10 февруари 2026 година“, треба да се именува, всушност, како „Француско-бугарска резолуција“. Таа е „скроена“ да биде нова „бугарска алатка“ во уште еден обид за растурање на македонската држава, за нејзино конечно прогласување како „втора бугарска држава во Балканот“, што би била, перспективно, припоена кон „мајка Бугарија“. Вистинските составувачи на „Француско-бугарската резолуција“, заедно со нивните домашни „курири“, кои само ја донесоа во Македонија, се наоѓаат во „заседа“: тие здружно чекаат да  завршат локалните избори и да искористат и најмала можност дури и принудно да издејствуваат одржување предвремени парламентарни избори. Потоа и да се избере многу „проевропска влада“, не како оваа „непослушнава“ и „некооперативна“, која се „инаети“ и не сака да ги вметне „државотворните Бугари“ во македонскиот устав. Е, токму во ваков момент и во ваков контекст би дошло на ред активирањето на „Француско-бугарската резолуција“ за „македонските црвени линии“, ако се укаже можноста.

Веќе е започнато сценариото за уривање на актуелната Влада и на Македонија како држава. За ова можат да се наведат повеќе аргументи и факти. Подметнувањето пожари целото изминато лето и организирањето „протестни прошетки“ се дел од тоа сценарио. Целта на тоа сценарио е „да се случи народ“ во земјата, слично како и „Шарената револуција“, по која беше насилно сменета тогашната влада, со активно учество на странскиот чинител и домашните помагачи. Организаторите на една „протестна прошетка“ низ Скопје летоска ги канеа граѓаните помасовно да излезат и дури им упатија повик: „Да се разбесниме“! Веќе беше видено што донесоа „шаренореволуционерните беснеења“ во 2017 година и по нив насилното „преспанско уривање“ на уставниот поредок на Македонија. Протестите продолжуваат во Македонија и сега, со сите спонтани и автентични мислења, што ги искажуваат граѓаните, но и со сите обиди за манипулација со нив и со јавното мислење воопшто.

Наместо да биде урната Македонија и претворена во „втора бугарска држава во Балканот“, ќе мора да се урне сценариото „Бугарија е единствената држава во светот, која се граничи со самата себе“!

За да се спречи активираното сценарио не само за уривање на сегашната влада, туку конечно и на македонската држава, потребно е со најголема можна масовност во излегувањето на гласачките места локалните избори на 19 октомври да бидат изјаснување не само за новите личности и исчекори напред во функционирањето на општините, туку да се претворат и во референдум за опстој на Република Македонија. Гласајќи за нови градоначалници и нови општински совети, бирачите треба да се раководат, пред се, од целта и визијата за зачувување и просперитет на заедничка Македонија.

Со споменатата „Предлог-резолуција“ Франција се обидува да интервенира и во Македонија, за да да забрза постапката за менување на нејзиниот устав, а потоа и на сѐ она, што би следело. А што би следело? Бугарија веќе со децении и денес истапува против Македонија од позициите на својата национална великобугарска доктрина дека е „единствената држава во светот, која се граничи со самата себе“! Поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов има кажано: „Разделени или не, Бугарија и Македонија се две чеда на една мајка!“. Пред повеќе години бугарскиот историчар и политичар Божидар Димитров порачал славодобивно: „Ја добивме Третата балканска војна за Македонија без ниеден испукан куршум!“. Димитров има уште нешто изјавено: „Ако се исполни Договорот за добрососедство со Македонија, тогаш тоа ќе биде крај на македонизмот и навистина претворање на Македонија во втора бугарска држава!“

Бугарија се обидува непрестајно и навистина да ја добие „Третата балканска војна за Македонија без ниеден испукан куршум“, штедро поддржана и потпомогната од ЕУ, особено од Макронова Франција, која има од 2008 година „договор за стратегиско партнерство“ со Бугарија, одлични политички, економски и други односи. Ова се некои од причините зошто Франција е „европска мајка“ за Бугарија, а „санстефанска маќеа“ за Македонија! Но, на ова ќе се осврнам во следниот, трети дел на оваа анализа.

Не интервенира Макронова Франција само во Македонија, туку речиси во половина свет за „работи кои не ѝ се допаѓаат“ и затоа наидува на осуда и отфрлање на нејзината интервенционистичка надворешна политика

Новинската агенција „Ројтерс“ извести на 28.9.2025 година извести дека Павел Дуров, милијардерот-основач на апликацијата за пораки „телеграм“ ја обвини француската агенција за разузнавање оти „побарала преку посредник тој да цензурира некои канали на телеграм, за да спречи молдавски гласови“. Дуров ја обвини Франција дека се мешала и влијаела врз изборите во Молдавија која „проевропска партија да победи“.  Според „Ројтерс“, Дуров изјавил: „Франција се обидува да ги замолчи мислењата, што не ѝ се допаѓаат. Франција се обидува да влијае врз политичките случувања во Источна Европа.“ Пред неколку месеци Павел Дуров искажа подготвеност пред суд да сведочи дека Франција чинела напори да повлијае и врз претседателските избори во Романија, барајќи од него да спроведе цензура на романските корисници на „телеграм“. 

Макронова Франција повеќе од 10 години се соочува со остри реакции низ светот дека „безобѕирно се меша во внатрешните работи на други држави и се обидува да влијае врз политичките случувања во Европа“. Турција, Кина, Венецуела, Иран, Алжир и цела низа земји од Африка во изминативе години, но и во оваа 2025 година, се спротивставуваа на мешањата на официјален Париз и Емануел Макрон во нивните внатрешни работи, поради „работи кои не им се допаѓале“. Радио Франс Интернационал на 22.9.2022 година објави дека „официјален Техеран остро го осуди и го отфрли мешањето на француското министерство за надворешни работи и некои француски функционери во внатрешните работи на Иран, откако изразија поддршка за оние, што протестираат, поради смртта на Курдката Махса Амини, уапсена од иранската полиција за моралност“. „Министерството за надворешни работи на Иран додаде дека француските власти беа домаќини на групи, кои беа директно вклучени во немирите во Иран во текот на годините.“ – посочи Радио Франс Интернационал. Но, нештата забрзано се менуваат особено оваа година и светски експерти и аналитичари констатираат дека „политичкото наследство на Макрон во француската надворешна политика е на крајот“. Мали, Буркина Фасо и други африкански држави дополнително ѝ порачаа на Франција дека „не може да изигрува повеќе колонијален џандар во Африка“.

Чуму Македонците да му се поклонуваат на „политичкото наследство на Макрон“ во француската надворешна политика, кое е на „изумирање“ и од кое произлегоа „Бугарскиот договор“ и злогласната „Преговарачка рамка“?!

Лидерите на „Национално собирање на Франција“ Мари Ле Пен и Жордан Бардела имаат сѐ посериозни можности да го симнат Макрон од претседателската позиција на изборите во 2027 година. Оваа француска партија со популарност во голем подем се залага за „многу поврамнотежена“ надворешна политика на Франција, без интервенирања во други држави. Оттука, штом е „на самракот наследството на Макрон“ во француската надворешна политика, чуму мораме ние, Македонците, да му се “поклонуваме“ на тоа „наследство на Макрон“, од кое произлегоа „Бугарскиот договор“, сосе злогласната „Преговарачка рамка“ и „францускиот предлог“? Не е ли време овие акти да ги поништиме и да ги фрлиме на ѓубриштето на историјата, исто како што сакаат да сторат и Французите со Макрон?!

Не е ли дојдено времето македонските политичари да започнат да го „фаќаат“ чекорот со времето и со новите правци во француската надворешна политика, која има сѐ поголеми шанси да биде ослободена од „болеста“ наречена „мешање во надворешните работи на други држави“, а посебно на Република Македонија? Република Македонија треба да започне да се поврзува со новата Франција која е на повидок, и со нејзините нови политички лидери.

(продолжува)

„Нова Македонија“

(Овој текст е втор дел и надоврзување на првиот дел на анализата  со наслов „По ‘париската обука’ Филипче и СДСМ ја ‘извадија’ ‘најпатриотската’ резолуција за ‘Бугари во устав’ – новата ‘бугарска алатка’ за распад на Македонија!“

(Авторот изнесува согледувања од сопствена политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија. Согледувањата на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Утринава на Попова Шапка најстудено, минус 8 степени, но и најмногу снег, 31 сантиметар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Нобеловиот институт ja отфрли замислата на Мачадо да му ја „отстапи“ на Трамп наградата за мир

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.

За Беџети, „кандидат за нобеловец за економија“, „легитимно е РСМ да се федерализира, а да се смени антиалбанскиот устав“!

„Барањето за федерализација на Македонија е легитимно, но тоа беше поништено уште во 2001 година. Албанската политика сега нема моќ ниту да го отстрани терминот ‘20 проценти’ во антиалбанскиот устав.“ – наведува д-р Неџат Беџети, професор по економија во државниот Универзитет во Тетово, кој инаку беше предложен од група од негови колеги-економисти во декември 2023 година како „кандидат за добивање Нобелова награда за економија“, со образложение дека „развил ‘Теорија на економскиот развој заснована врз демографското концентрирање“. Кандидатурата на Беџети била пријавена во Комитетот за Нобеловата награда, но друг ја имаше добиено.

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

Најнови вести

To top