Македонија

Мицкоски: Секој миг ги градам темелите на Македонија, кои ги уриваа СДСМ, но ќе им се скинат куферчињата со пари, што ги добиваа за тоа од Бугарија!

„Служејќи им како слуги на нивните политички господари од источниот сосед СДСМ ја разурнаа државата и направија системот да пропаѓа, кои сега мораме да ги градиме од нивните темели. Но нека не создаваат лажна слика на душогрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе, кои се вградија во тие темели. Целото мое време го посветувам, за да ја кренеме Македонија, ама нека не се залажуваат и нека не помислуваат дека заборавив сѐ, што ѝ направија на државата!“ – им порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче, неговиот гуру Зоран Заев и на нивните сопартијци од вечерашниот митинг во Струмица.

Претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија. На вечерашниот митинг во Струмица во врска со ова тој посочи:

„Не се во состојба да кажат поинаку од она, што сите знаеме дека е вистина. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед. Нема среќа ниту во зградите и визите од Дубаи. Им упатувам порака на сите нив: тоа што една година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, секој час во денот и седмицата го минувам на градење на темелите, што ги уривавте, не значи дека заборавив и оти не работам да ве стигне правдата! – рече Мицкоски.

Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум ја штител олигархијата. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра.“ – напомна Христијан Мицкоски на митингот во Струмица.

Премиерот  и лидер на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање: како од едно просечно семејство се стигнува до милиони, какви што тие имаат и со кои располагаат?

„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разурната држава и систем, што пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели. кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.

„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања, што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот, бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање, кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат. – нагласи Христијан Мицкоски.

Мицкоски му ја упати следната порака на лидерот на СДСМ: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари, на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ново проширување на ЕУ со вградена „рачна сопирачка“: новите членки на ЕУ привремено без право на вето!

Новите членки на Европската Унија по приемот треба да се откажат од правото на вето на одлуките што во Унијата се носат со консензус, а постои и можност да им бидат ускратени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозуваат интересите на Унијата, пишува берлинскиот портал „Table.media“, повикувајќи се на предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ во кој имал увид.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

To top