Спорт

Енис Барди стана татко

Македонскиот фудбалски репрезентативец и сопругата Фестина добија ќерка, Аја

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди, стана татко.

„Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата почитувана сопруга Фестина добија ќерка, Аја. Му честитаме на семејството Барди и му посакуваме на бебето Аја среќен и здрав живот“, објави на Инстаграм неговиот клуб, турскиот суперлигаш Коњаспор.

Триесетгодишниот Барди е трет стрелец на вечната листа на македонскиот национален тим со 19 гола на 75 натпревари, пред две години стана и капитен, а за Коњаспор, кому му пристапи на 12 јули, погоди двапати во досегашните шест настапи.

 

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top