Македонија

Колемишевски: Победа на македонска дипломатска репрезентација на теренот во Брисел

Мал чекор за Европа, голем за Република Македонија (сега Северна). Со тие зборови може да се оцени дебатата околу предлог-извештајот за нашата земја за 2024 година поднесен од Томас Вајц, австриски известувач на Европската Унија за Македонија. По многу години македонското прашање ги растресе клупите на Советот на Европа. Не ја растресе совеста на бриселските […]

Мал чекор за Европа, голем за Република Македонија (сега Северна). Со тие зборови може да се оцени дебатата околу предлог-извештајот за нашата земја за 2024 година поднесен од Томас Вајц, австриски известувач на Европската Унија за Македонија.

По многу години македонското прашање ги растресе клупите на Советот на Европа. Не ја растресе совеста на бриселските бирократи, но ги вклучи рефлекторите кон Македонија за да се гледа на неа во малку поинакво светло. За првпат, да веруваме дека не и за последен.

Иако гласањето за извештајот е одложено за наредните неколку дена, без оглед какви ќе бидат конечниот епилог и составот на текстот, случувањата во Комитетот зa надворешна политика cе мала, но значајна победа на македонската политичко-дипломатска репрезентација на теренот во Брисел, пишува новинарот Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“..

„Може да се менува, но не може лесно, нема гума што може да го избрише она што е ставено на официјална хартија, во текст што веќе еднаш е јавно обелоденет.

Овој пат таксативно се ставени за првпат како тема идентитетот на Македонците и македонскиот јазик! Еве пример како еден ирационален билатерален проблем што на Македонија ѝ го наметнува Бугарија може да се претвори во тежок бумеранг. За првпат индиректно и директно, и покрај бугарските противења, се потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како историски континуитет, како составен дел од наследството на земјата, уставниот поредок, но и од европските вредности.

Се потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества и семејството на европските нации. Она од што други состави се плашеа да го споменат во десетици поранешни годишни извештаи, сегашните европарламентарци, по упорното македонско лобирање, го посочуваат како неизбежно признание и историски факт.

Несомнено дека овој отворен процес со македонското прашање може да се искористи како шанса за поместување од мртвата точка во спорот меѓу Македонија и Бугарија и како можност за движење кон негово дефинитивно надминување. Делови од извештајот, всушност, се повик за дијалог меѓу страните во спорот. На таков пристап повика и Марта Кос, инсистирајќи дека двете земји мора да разговараат“, вели Колемишевски.

целата колумна на следниот ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Медиумите одговараат пред публиката, а не пред партиите – остро реагира ЗНМ по соопштението на СДСМ

Опозициската СДСМ преку соопштение со наслов „Зар и ти сине Мечка?“ остро реагираше на, како што велат, „пресвртот“ во уредувачката политика на порталот Инфомакс и „Мечка“. Од партијата упатија критики и кон новинарот Александар Митовски, обвинувајќи дека медиумот започнал со напади кон нив и кон претседателот Венко Филипче.

Зошто расте бројот на прекршоци уловени со „Безбеден град“?!

Најголем дел од нив, повеќе од 25 илјади, се за брзо возење, додека значително помал број се за нерегистрирани возила и минување на црвено светло. Споредбено со минатиот месец во март, се пишани седум илјади повеќе прекршоци отколку во февруари. Пролетта, на улица ги враќа и моторџиите.

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

To top