Македонија

Во септември за 93-ца кривични пријави за недозволена трговија со дрога

Запленети над 38 кг марихуана и други наркотични супстанци

Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се за „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Исто така како резултат на откривањето и расчистувањето на овие кривични дела запленети се повеќе од 38 кг марихуана, 980 милилитри масло од хашиш, 137 стебла, 242 парчиња семки и 0,28 грама семки од растението канабис сатива, потоа 182 грама кокаин, 129 грама манитол, 44 грама хашиш, 27 грама хероин, 20 грама амфетамин, 16 грама мешавина на кофеин и парацетамол, 59 грама мешавина од тутун и марихуана, 12 грама мешавина кофеин, парацетамол и хероин, а во помала количина останати видови дрога и психотропни медикаменти.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top