Македонија

ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови

За околу 9.000 лица, болни и немоќни беа поднесени барања за гласање во домашни услови.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови. На седницата беа прифатени неколку од овие приговори. Членовите на ДИК нагласија дека на лицата, на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право, бидејќи ги нема во Избирачкиот список, кој веќе е заклучен, и во апаратите за биометриска идентификација, кога ќе одат на гласање треба да го носат решението, што ќе им биде издадено од ДИК.

За околу 9.000 лица, болни и немоќни беа поднесени барања за гласање во домашни услови. Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека вакви приговори веќе нема да разгледуваат, бидејќи рокот за нивно поднесување завршил синоќа на полноќ.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница акредитираше уште 9 набљудувачи од ЦИВИЛ, 24 набљудувачи од Совет на Европа и двајца набљудувачи од Wake up. Досега се акредитирани 1340 набљудувачи, од кои 699 домашни и 639 меѓународни набљудувачи и двајца странски новинари.

Претседателот на ДИК Кондарко информираше дека нема да се спроведе гласање за осум лица во Домот за стари лица Арија, кој е затворен согласно со дописот, што до нив пристигнал од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Прочка – празник за проштавање и покајание – Како, кому и колку да простуваме?!

Прочка или Велики поклади – ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред  Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов […]

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

To top