Македонија

ВРЕДИ: Дехари веднаш да се повлече од трката за градоначалник

Ниту една „експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево

 

 

„Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност. Обидите ова да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена.

Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник“, соопшти ВРЕДИ

Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да го одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови, се додава во соопштението.

„Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер. Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал.

Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече. Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали“, соопшти коалицијата ВРЕДИ

Во јавноста завчера излегоа аудио снимки од кои се слуша како градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари сексуално ги малтретира вработените во Општината.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top