Македонија

Поделбите се алатка на слабите политичари, мојата подадена рака е кон сите – порача Ѓорѓиевски од Сарај

Нашата заедничка иднина и иднината на нашите деца е многу поважна од секоја разлика меѓу нас

Мојата цел е едноставна, да бидам градоначалник на сите скопјани. Градоначалник кој ќе работи подеднакво за секој човек, со секоја општина, во секое маало, порача кандидатот за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски од митингот во Сарај.

Истакна дека за него градот не смее да се дели по етничка, верка или партиска основа.

-Поделбите се алатка на слабите политичари, тие се минато и не влечат надолу. Нашата заедничка иднина и иднината на нашите деца е многу поважна од секоја разлика меѓу нас. Затоа мојата подадена рака е кон сите. Да се обединиме околу една заедничка цел, да изградиме развиено, европско и функционално Скопје. Град во кој сите ќе се чувствуваме достоинствено, безбедно и рамноправно, посочи Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека неговиот модел на работа е оној каде единствено се слуша гласот на граѓаните и реалните проблеми.

Ѓорѓиевски како дел од проектите најави инвестиции во природните убавини на Сарај заштитувајќи ги и правејќи ги достапни за сите, изградба на современа пешачка и велосипедска патека, решавање на деценискиот проблем на Матка со изградба на монтажен паркинг за решавање на сообраќајниот хаос со што ќе се овозможи развојот на туризмот.

Ѓорѓиевски најави инвестиции и во културата на сите заедници.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top