Македонија

Ученичка нападнала три наставнички, директорката не дозволила да се пријави инцидентот поради изборите?

Голем скандал се случил пред два дена во основното училиште „Киро Глигоров“

Голем скандал се случил пред два дена во основното училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар, објави порталот Курир.

Имено, револтирани родители се обратиле до редакцијата на Курир, тврдејќи дека ученичка од седмо одделение, која веќе имала дијагноза, но немала придружба за време на наставата, брутално нападнала три наставнички, кои се здобиле со повреди.

Како што дознаваме, прво била нападната една од наставничките која била турната на земја од страна на ученичката во училишниот ходник по што почнала да ја шутира по целото тело. Кога го видела овој немил инцидент, нејзина колешка пристапила за да ја одбрани, но и таа била физички нападната. По ова, насилната ученичка тргнала кон училишниот тоалет, а по неа тргнала третата наставничка за да заштити други деца кои претпоставила дека биле во тоалетот. Таму, била нападната и таа.

Ова, според изворите на порталот, се одвивало во време кога започнал одморот на наставничките, па директорката трчала и ги враќала децата назад и ги затварала вратите од училниците.

Трите наставнички, побарале помош од доктор и биле на контролен преглед, каде им се констатирани повреди. Покрај физичките повреди, тие биле вознемирени и исплашени, но според нашите извори, неправдата кон нив добила други размери по физичкиот напад.

Имено, како што дознава КУРИР, според извори од училиштето – директорката на училиштето од нив побарала случајот да не го пријавуваат во полиција, а да се погрижат и за немилиот настан да не дознаат родителите на ученците од ова училиште.

Причината за ваквото барање од нејзина страна била – да не му се наштети на угледот на градоначалникот Горан Герасимовски пред изборите во недела?! Дали ова  е возможно, раководно лице да се стави во служба на градоначалникот, а не на вработените и децата?

Како што неофицијално дознава КУРИР, ученичката има дијагноза – психотична болест која може да се манифестираат и со агресија. Девојчето имало дадено соодветна терапија од страна на специјалист, но се отвора прашањето дали таа терапија навремено ја има примено. Со неа, по сите правила, треба во текот на наставата да присуствува асистент чие обезбедување е должност на самата општина во која училиштето се наоѓа.

КУРИР побара одговори од општина Центар, дали се запознаени со овој настан и ако се, што имаат преземено. Доколку добиеме одговор, истиот ќе биде дополнително пренесен.

Основното училиште „Киро Глигоров“ во Центар се наоѓа во скопската населба Капиштец. Дознаваме и дека родителите на учениците пред неколку дена добиле порака дека градоначалникот Горан Герасимовски обезбедил прочистувачи. Овој чекор од директорката, дел од родителите го сфатиле како да е во служба на кампањата на Герасимовски кој е во трка за уште еден мандат.

Родители кои ја контактираа редакцијата на Курир тврделе дека прочистувачите се купени со пари од општината, што значи пари на центарци, а не платени од џебот на градоначалникот.

Дали директорката која се погрижила да го пофали Герасимовски за прочистувачите, очигледно сега се обидува да го заштити угледот на градоначалникот, на штета на родителите, децата и вработените? – прашува порталот.

Најнови вести од: Македонија

Собранието на Македонија со дигитален асистент за лицата со попреченост

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

Јанкуловски: Пензионерите веќе го почувствуваа зголемувањето на пензиите, кои ќе растат и натаму

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис 21 на ТВ 21 изјави дека пензионерите веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни зголемувања, согласно со законските и фискалните можности.

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 дека ја вознемирувал на телефон, тој пак ја обвини за цензура

Дел од настанот е документиран и на видео-снимка која се прошири на социјалните мрежи, на која се слушаат навредливи и вознемирувачки изјави упатени кон Русковска. Таа, како што е наведено, го предупредила Јовановски дека ќе се обрати во полиција доколку не престане со повиците, но контактите продолжиле и по предупредувањето.

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение, за да се спречи амнестија на криминал во повеќе од 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд од февруари оваа година

To top