Бизнис

Странска инвестиција од 150 милиони долари во воената индустрија најави Мицкоски

Американско-британска компанија ќе отвори 1.000 високо платени работни места, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави странска инвестиција од 150 милиони долари во македонската наменска воена индустрија, со која ќе бидат отворени 1.000 високо платени работни места.

„Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани: започнуваме со еден нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари“, рече Мицкоски на завршниот митинг на неговата партија и коалицијата „Твоја Македонија“ во Охрид за локалните избори в недела.

Најнови вести од: Бизнис

Превозниците на 31 август ќе излезат на протест пред седиштето на Делегацијата на ЕУ

Превозниците ќе го одржат протестот еден ден пред состанокот на Работната група во Брисел, од чиј исход, како што велат, ќе зависи дали кон средината на септември ќе почнат со протести и блокади на граничните премини.

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

To top