Свет

Трамп: Една година затвор за палење американско знаме

Оние што палат американски знамиња за време на протестите треба да бидат осудени на една година затвор, а властите преземаат чекори за спроведување на таков закон, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Луѓето што го палат американското знаме треба да бидат во затвор една година. Тоа е она што го заслужуваат. Ќе видиме дали можеме да […]

Оние што палат американски знамиња за време на протестите треба да бидат осудени на една година затвор, а властите преземаат чекори за спроведување на таков закон, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Луѓето што го палат американското знаме треба да бидат во затвор една година. Тоа е она што го заслужуваат. Ќе видиме дали можеме да го направиме тоа.

Трамп ја даде изјавата во контекст на тековните протести во Лос Анџелес. Во текот на викендот, локалните медиуми објавија видео на кое се гледаат демонстранти како палат и плукаат по американските знамиња.

„Она што го гледате во Калифорнија е целосен напад врз мирот, јавниот ред и националниот суверенитет од страна на бунтовници што носат странски знамиња за да продолжат со странска инвазија на нашата земја“, рече Трамп.

Трамп нагласи дека федералните власти работат на откривање кој ги финансира протестите во Калифорнија.

Додаде дека веќе се истражува тоа.

„Нема да дозволиме федерални агенти да бидат нападнати и нема да дозволиме американски град да биде преземен и окупиран од странски непријател.“

Трамп, исто така, рече дека Лос Анџелес ќе изгорел до темел доколку не ја испратил Националната гарда таму.

„Ќе го ослободиме Лос Анџелес и ќе го направиме повторно слободен, чист и безбеден“, рече претседателот.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top