Регион

Радев: Унгарија да ја убеди Македонија да прифати уставни измени

Бугарскиот претседател ја повика Унгарија да ги убеди властите во Скопјe дека вклучувањето на Бугарите во уставот на Македонија и отсуството на притисок врз Бугарите се неопходни услови за започнување преговори за членство во Европската Унија

 

„Односите меѓу Унгарија и Бугарија се пример за примерно партнерство“, рече бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, пренесе БНР.бг.

Тој и унгарскиот колега, Шујок, разговарале и за ситуацијата во регионот на Западен Балкан и за процесот на проширување на Европската Унија.

„И токму затоа го повикав претседателот Шујок и унгарската страна, која има пријателски односи со нашите браќа во Република С. Македонија и растечки економски односи со Република Македонија, да ѝ помогнат на оваа земја со тоа што навистина ќе ги убедат нашите браќа дека прифаќањето и вклучувањето на Бугарите во уставот, почитувањето на европскиот консензус и отсуството на притисок и дискриминација врз Бугарите во С.Македонија се неотповиклив услов за започнување преговори за членство во Европската Унија“, истакнал Радев.

Унгарскиот претседател е во посета на Бугарија.

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top