Македонија

Ѓорѓиевски го прифати повикот за дебата од Мециновиќ

Кандидатите за градоначалник на Скопје одат во вториот круг кој ќе се одржи на 2-ри ноември

 

„Сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот противкандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија. Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата“, објави кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје.

Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, објави Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top