Македонија

Николоски од Лондон: Сериозно сме посветени на реализација на Договорот кој носи големи економски и политички придобивки

Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер

Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан.

На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Николоски најави голем број средби со високи владини претставници.

– Денеска ја почнуваме дводневата работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер – изјави Николоски.

Во текот на денешниот ден премиерот Мицкоски ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс, додаде Николоски, што е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голем чест.

– Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас, затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада, со кој на Македонија ѝ се ставаат на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите. Веќе почнаа да се работотат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршувањето на локалните избори, кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик, ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Во текот на утрешниот ден ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство и министерот за Европа и Северна Америка, додаде Николоски.

– И многу значајно, со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај, што ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме една плодна дводневна посета во Лондон. И првата средба тоа го покажува дека сме на добра патека и првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство – изјави вицепремиерот Николоски

На самата средба со министерот за бизнис и трговија, Сер Крис Брајан беа истакбати стабилните економски и политички односи, високото ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија, која е силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата.

– Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка – истакна на средбата потпретседателот Николоски, соопшти Министерството за транспорт.

Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес, кој се одржува во Лондон.

 

Најнови вести од: Македонија

Малоку: ДУИ стана пречка за развојот на Албанците во РМ! Ахмети, кој владееше 20 години корумпирано и со скандали, треба да се пензионира час поскоро!

Анализа на д-р Фадил Малоку, професор по социологија во Приштинскиот универзитет во врска со причините за поразот на Али Ахмети и ДУИ на македонските локални избори, но и за причините, поради кои Ахмети се урниса како политички лидер во очите на Албанците од Македонија.

Средби на македонски и британски министри во Лондон

Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат утре. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Немаме никаква обврска ниту долг кон „Комунална хигиена“ Скопје, велат од МЗ

Од МЗ велат дека тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и оти целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски

Одлична вест за инвеститорите на берза! Перпетуалната обврзница на УНИБанка од четвртата емисија ќе котира на Македонска берза

Новата перпетуална обврзница издадена од УНИБанка АД Скопје со тикер UNIPO4 од 22.10.2025 и официјално ќе котира на Македонска берза АД Скопје

Најнови вести

To top