Македонија

ВМРО-ДПМНЕ доби уште една општина, вториот кандидат се повлече од трката

Не сака дополнително да ја дели матичната партија

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ доби уште една општина уште пред вториот круг локални избори откако вториот канидат во Македонски Брод се повлече од трката.

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг од локалните избори.

Војнески во првиот круг освои 20,38 отсто од гласовите а својата одлука ја соопшти преку објава на Фејсбук.

Во објавата вели дека не сака да ја дели својата матична партија.

„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.“ напиша Војнески.

Во првиот изборен круг, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристески, освои најмногу гласови — 1.539, односно 44,49 отсто. Зад него беше токму независниот кандидат Милосим Војнески со 705 гласа или 20,38 проценти, додека третиот беше кандидатот на СДСМ, Ивица Стојкоски, со само три гласа помалку – 702 гласа.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top