Свет

Израел се подготвува наскоро да го нападне Иран

Ова , повикувајќи се на американски и европски претставници, го објави утрово „Њујорк тајмс“. Тоа е потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на американската администрација на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на развојот на иранско нуклеарно оружје. Загриженоста за можна израелска […]

Ова , повикувајќи се на американски и европски претставници, го објави утрово „Њујорк тајмс“.

Тоа е потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на американската администрација на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на развојот на иранско нуклеарно оружје.

Загриженоста за можна израелска воена акција, но и за можен ирански одговор, го натера Вашингтон да повлече дипломати од Ирак во среда и да одобри доброволно повлекување на семејствата на американските војници од земјите од Блискиот Исток.

Не е јасно колку обемен би можел да биде израелскиот напад, но тензиите се зголемуваат со месеци, за време на кои израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Трамп да го искористи она што Тел Авив го смета за момент на ранливост на Иран за напад.

Трамп претходно го отфрли израелскиот план за напад, инсистирајќи дека сака да преговара со Техеран за договор што би ја ограничил способноста на Иран да произведува нуклеарно гориво.

Пред две недели, тој рече дека го предупредил Нетанјаху да не започнува напад додека траат преговорите меѓу САД и Иран.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top