Регион

Вучиќ: Србија се соочува со хибридна војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за РТС изјави дека земјата се соочува со „сериозна хибридна војна“, истакнувајќи дека имало над 25.000 непријавени собири

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за РТС изјави дека земјата се соочува со „сериозна хибридна војна“, истакнувајќи дека имало над 25.000 непријавени собири. Тој нагласи дека направил сè за да го зачува мирот и стабилноста во државата. Во врска со апсењето на В.А., кој е осомничен за напад врз шаторска населба на поддржувачи на владата во близина на Собранието, Вучиќ рече дека наскоро ќе се разјасни дали станува збор за „терорист или убиец во обид“. Тој побара објавување на видеото од апсењето за да се избегнат погрешни толкувања дека станува збор за конфликт меѓу демонстрантите.

„Верувам дека постојат шанси Србија да влезе во ЕУ пред 2030 година. Но, постои друго прашање – како да се реши прашањето за Косово и Метохија. И јас не можам и нема да ја прифатам независноста на Косово и Метохија, ако некој друг го сака тоа по мене, нека го реши“, изјави Вучиќ, осврнувајќи се на европската интеграција на Србија. Тој додаде дека геополитичката ситуација се менува и очекува „изненадувања“ во наредните година и пол.

Вучиќ истакна дека ЕУ останува клучен партнер, како најголем инвеститор и „најдобро место за живеење“, иако забележа пад во економскиот раст на Унијата. Во однос на санкциите на САД врз Српската нафтена индустрија (НИС), тој увери дека нема да има недостиг од нафтени производи, додавајќи: „Првиот ден кога ќе имаме проблеми, ќе ги земеме работите во свои раце и ќе ја заштитиме Србија.“ Тој потврди дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан за зголемен увоз на нафтени деривати преку компанијата МОЛ и побарал од Русите да најдат купувач за НИС доколку нема друго решение.

Најнови вести од: Регион

Десетици илјади на улиците на Софија бараат фер избори и независно судство

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Софија и другите поголеми градови во Бугарија синоќа за да бараат фер и слободни избори, како и независно судство способно ефикасно да се бори против корупцијата.

Работници ќе нема ни за лек – Хрватска издаде 11.384 дозволи за Македонци, но ги заострува и условите за странци

Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени услови и го поттикнуваат учењето на хрватскиот јазик, а статистиката покажува дека оваа година, и покрај помалиот број издадени работни дозволи, бројот на осигурени лица е зголемен, што укажува на подобро планирање од страна на работодавачите.

(Фото): Жељко Бебек со своето семејство го прослави својот 80-ти роденден

Жељко Бебек е роден на 16 декември 1945 година во Сараево и е еден од најпрепознатливите вокалисти на поранешна Југославија. Тој станал познат на пошироката публика како прв и долгогодишен пејач на легендарниот бенд „Бјело Дугме“.

Вучиќ: Како држава и народ сме големи губитници

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро реагираше на повлекувањето на Џаред Кушнер од проектот за изградба на луксузен Трамп комплекс на местото на бомбардираниот Генералштаб во Белград, нарекувајќи го „голем губитник“ за земјата.

To top