Спорт

Алкалоид европски клупски вицешампион во шах!

Во завршниот круг во Грција „фармацевтите“ го совладаа Ришон ле Цион од Израел со 4,5:1,5 и го освоија својот четврти медал на ЕКК

Шахистите на Алкалоид ги освоија второто место и сребрениот медал на 40. Европски клупски куп во Родос, Грција, во конкуренција на 102 екипи од 31 земја!

Македонскиот првак во седмото и последно коло славеше со 4,5:1,5 над Ришон ле Цион од Израел и турнирот го заврши со 12 бода, колку и третопласираниот Нови Бор од Чешка. Нов европски шампион е Супер чес од Романија со максимални 14, благодарејќи и на победата од 3,5:2,5 над „фармацевтите“ во претпоследниот круг.

Успехот на старо-новиот европски вицешампион го надополнија и поединечните медали – среброто на Веи Ји на втората табла, бронзата на Читамбарам Аравинд на четвртата и златото на Абхимању Пураник на седмата.

За Алкалоид ова е трет сребрен медал на најсилното клупско натпреварување на стариот континент по тие во 2017 година во Анталија и во 2024 година во Врњачка Бања, а во 2016 година во Нови Сад беше и европски шампион.

 

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top