Бизнис

Колку пари годинава работниците ќе земат од К-15?!

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) велат дека за 2025 година е обезбеден регрес за годишен одмор за околу 600 илјади вработени во приватниот и во јавниот сектор согласно со двата потпишани општи колективни договори. Во приватниот сектор, регресот за годишен одмор ќе чини 300 евра, а во јавниот сектор 100 евра помалку. Во подобро ситуираните компании даваат регрес кој е речиси трипати поголем од законски пропишаниот, односно и преку 50.000 денари.

Остануваат уште два месеца до кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15. Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика на тоа дали е на определено или неопределено време. Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) велат дека за 2025 година регрес за годишен одмор е обезбеден за околу 600 илјади вработени во приватниот и во јавниот сектор согласно со двата потпишани општи колективни договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година, активното население во Македонија изнесувало 792.779 лица, од кои вработени се 694.506, а 98.273 лица се невработени.

Во член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството се посочува дека регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата или 18.141 денари, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Додека, пак, согласно со член 21 од ОКД за јавниот сектор, вработените во јавниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата или 12.372 денари, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

  • Шестотини илјади работници добија право на регрес за годишен одмор (К-15), а за ова право се избориле само 10 проценти од нив, а го уживаат сите. Тоа значи дека само еден од десет работници се бори, а деветмина ги уживаат правата за кој се изборил овој едниот и го критикуваат дека е малку. Замислете колку ќе беше износот на К-15 ако деветмина од 10 работници беа членови на ССМ и деветмина од 10 работници се бореа заедно со ССМ затоа што силата на работниците е во нивната бројност организирани во синдикат, наспроти моќта на капиталот и на политичката моќ. Членовите го финансираат колективното договарање и ја финансираат синдикалната акција (протестите и штрајковите), а придобивките ги уживаат сите – вели Иван Пешевски, потпретседател на Советот на ССМ за приватен сектор.

Тој потсетува дека во јавниот сектор, по прв пат, право на К-15 добија вработените во образование, здравство, полиција, армија и многу други.

  • Во 80 проценти од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови, регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот е веќе исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ. Таму каде што ССМ има членови, има и К-15, има и почитување на Колективните договори, а таму каде што нема синдикат, газдите си мислат дека можат да газат преку работниците. Никое од работничките права не им е подарено, за секое од нив се имаме изборено – нагласува Пешевски.

Регресот за годишен одмор треба да се исплати во периодот од 1 јули до 31 декември. Оваа сума многумина ја очекуваат со надеж, бидејќи често е единствениот „подарок“ што го добиваат за цела година. Но, и покрај законската обврска, има вработени кои нема да ја видат на својата сметка. За нивните работодавци Законот е јасен – казна до 4.000 евра. Од нив, од 2.000 до 3.000 евра се предвидени за самата фирма, а од 500 до 1.000 евра за одговорното лице кое, формално, треба да се грижи за правата на работниците.

Најнови вести од: Бизнис

Проблем со новите Шенген правила – Транспортерите бараат решение до 15 јануари или ќе блокираат граници

Со месеци, здруженијата очајно се обидуваат да ги убедат европските власти дека новите шенгенски прописи се неприменливи за професионалните возачи од трети земји. Тие стравуваат дека возачите и нивната стока би можеле масовно да бидат одбиени на границите во иднина.

Платите да растат сега и веднаш, бараат синдикатите – инфлацијата не била поради ниските работнички плати

Синдикатите најавија протести и штрајкови ако не се покачи минималецот, вели Слободан Трендафилов од ССМ. Според него, работниците се попродуктивни од тоа што работодавците сакаат да прикажат. Тој зборува и за разликите во потрошувачките кошници на власта и синдикатот, платите во плико, одливот на работници во соседството.

(Видео): ССМ И КСС од јануари заедно на протести за повисок минималец – законското усогласување ќе биде во март

На дебатата се отворија многу теми меѓу кои владината потрошувачка кошничка која нема да се објави во јануари, а со која требаше да се пресмета колку пари се потребни за едно четиричлено домаќинство да го преживее месецот. Како и за стандардот и куповната моќ на граѓаните. Но и за тоа дека во февруари ќе растат функционерските плати за 200 до 250 евра.

Како ќе растат платите во Европа во 2026 година?!

Покрај Велика Британија, другите големи западноевропски економии, како што се Шпанија и Холандија, се очекува да продолжат да заостануваат зад регионалниот просек. Во извештајот се забележува дека, и покрај намалувањето на инфлацијата, овие земји продолжуваат да се соочуваат со бавен раст на продуктивноста, тесни фискални услови и претпазливост на работодавачите во однос на долгорочните обврски за плати.

Заклучно со 30 ноември во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

До крајот на првиот квартал ќе биде објавена клиентската апликација – бесплатни решенија за помалите компании, до крајот на вториот квартал ќе биде поставена продукциската околина, а до крајот третиот квартал од 2026 година се планира да заврши тестирањето.

УЈП ги потсети оние кои работеле во странство да платат данок, станува збор за 10.000 луѓе

Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Според неа, воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување.

Нема промена на даноците – дигитализацијата клучна за ефикасно трошење на буџетските пари, вели министерката за финансии

Проектираниот реален раст за 2026 година е 3,8 % и сметам дека е реално остварлив. Но, секако дека ги следиме состојбите на глобално ниво и ги земаме предвид сите ризици. Затоа и буџетот за 2026 година не е проектиран со оптимистичко сценарио, туку би рекла напротив, доста внимателно, дури конзервативно, вели министерката за финансии.

To top