Регион

Претседателката Османи повикува на консултации за нов мандатар во Косово

Беким Купина, советник за медиуми на претседателката на Косово, Виоса Османи, денес изјави дека по неуспешниот обид за формирање нова влада, претседателката ќе ги покани политичките партии на консултации за избор на нов мандатар.

vjosa-osmani
facebook.com/VjosaOsmaniMP

Беким Купина, советник за медиуми на претседателката на Косово, Виоса Османи, денес изјави дека по неуспешниот обид за формирање нова влада, претседателката ќе ги покани политичките партии на консултации за избор на нов мандатар.

„Претседателката Османи ќе ги повика политичките партии на консултации во рамките на уставниот рок и во согласност со уставните обврски“, изјави Купина.

Согласно уставот, претседателката Османи има овластување да избере нов мандатар за составување на владата. Таа може да го додели мандатот на претставник од било која политичка партија што може да обезбеди мнозинство од 61 глас во Собранието за избор на премиер, вклучително и на друг кандидат од партијата Самоопределување.

Според досегашните информации, ниту Демократската партија на Косово, ниту Демократскиот сојуз на Косово не се подготвени да го прифатат мандатот за формирање влада. Оттука, најверојатно решение е претседателката да назначи нов мандатар од редовите на Самоопределување, иако постои мала веројатност дека некој од оваа партија ќе го прифати мандатот.

Доколку и вториот мандатар не успее да обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник, претседателката ќе го распушти Собранието и ќе распише предвремени избори, кои треба да се одржат во рок од 40 дена од распуштањето на парламентот.

Најнови вести од: Регион

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

To top