Македонија

По полноќ поскапи горива во Македонија

Ценатана диџелот се зголемувада еден денар….

Горивата од вечерва на полноќ ќе бидат со нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе изнесува 73,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари, што е повисока за половина денар.

ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по 68 денари за литар.

За 1 денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, и од 66,5 денари, ќе се продава по 67,5 денари. Цената на мазутот останува непроменета, односно 36,1 денар по килограм.

Растат цените на нафтата на глобално ниво

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Задоцнет е и без ефект протестот во Скопје за косовската УЧК! – Требаше да го има во 2015 година!

„Мислам дека е доцна – доцна во смисла дека ќе има некаков ефект. Протестот, како политички чин, требаше да биде осмислен и организиран во вистинско време. Вистинскиот момент беше во 2015 година, кога се гласаше за основањето на Хашкиот трибунал.“ – рече д-р Мурат Алиу, професор во Факултетот за општествени науки на државниот универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје, вечерва во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Се враќа на пругите некогаш отпишаниот „Шпанец“, целосно обновен и тестиран, со аларм и видеонадѕор! (Видео)

Со обновувањето на легендарниот „Шпанец“ и неговото враќање во употреба на македонските пруги Македонски железници најавуваат преродба на железничкиот превоз во Македонија – со нагласка на зачувување на традицијата, но и осовременување на постојните возни средства.

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

Законот за правична застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија дека е усогласен со европските стандарди

„Законот за правична и соодветна застапеност станува реалност 24 години по Охридскиот договор. Позитивна оценка од Венецијанската комисија. Работа, а не фудбал во државните канцеларии.“ – порача преку својот фејсбук-профил вицепремиерот Арбен Фетаи, алудирајќи на праксата за „занимавање со спортска рекреација“ и злоупотребување на државните кабинети од страна на Артан Груби и другите високи функционери на ДУИ додека беа дел на Владата на Република Маедонија.

Градоначалничката Трајкоска заедно со сопругата на Мицкоски и пратеничката Пешевска се дружеа со децата со церебрална парализа

Во празнична атмосфера, се дружеа со децата кои добија и пакетчиња, истакнувајќи ја важноста на континуираната поддршка за семејствата кои се соочуваат со овие предизвици

Најнови вести

To top