Спорт

Червар пред утрешниот спектакл: Секогаш размислувам за Македонија, мојата втора татковина

Поранешниот македонски селектор и тренер на Металург се враќа во земјата што му даде пасош покрај Хрватска

Некогашниот тренер на Металург и на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар, со нетрпение го очекува спектаклот утревечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“, на кој ќе продефилираат ракометните легенди од Македонија и од Европа.

„Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина. Многу сум среќен што сум овде и што имам можност да се сретнам со многу лица кои помогнаа да бидам ова што сум денес. Среќен сум што Македонија има министерство за спорт, а негов прв човек е мојот некогашен играч Борко Ристовски. Овде се чувствувам како дома. Спортот е единственото нешто кое може да ги спои луѓето. Соперниците стануваат пријатели. Затоа, мораме да ги учиме децата да практикуваат спорт и да го јакнат тимскиот дух. Така ќе израснат во здрави личности“, изјави еден од најтрофејните ракометни тренери во историјата на прес-конференција за утрешната ревија од големи ракометни имиња во Скопје.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

Најнови вести

To top