Свет

Нетанјаху со повик до Иранците: Урнете го режимот!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика Иранците да се кренат против властите во Техеран по нападот на неговата земја врз Иран во петокот. „Целта на израелската операција не е само да се елиминира заканата од нуклеарни и балистички ракети на режимот кон Израел, туку и да се „отвори патот за постигнување слобода“, рече Нетанјаху во […]

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика Иранците да се кренат против властите во Техеран по нападот на неговата земја врз Иран во петокот.

„Целта на израелската операција не е само да се елиминира заканата од нуклеарни и балистички ракети на режимот кон Израел, туку и да се „отвори патот за постигнување слобода“, рече Нетанјаху во видео порака до „гордиот ирански народ“.

Раководството во Техеран „никогаш не било послабо од сега“, нагласи израелскиот премиер.

„Ова е вашата можност да се кренете и да го кренете гласот“, продолжи Нетанјаху, додавајќи дека израелските напади не се насочени против народот, туку против „убиствениот исламски режим кој ги угнетува и ги држи во сиромаштија“.

Време е иранскиот народ да се обедини околу своето знаме и историско наследство и да се бори за својата слобода од „злобен и угнетувачки режим“, рече израелскиот премиер.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top