Македонија

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за настаните на „27 април“

Тој беше осуден на 13 години затвор

Веста ја објавија пријатели и познаници на Ѓорѓиевски.

Тој починал во болница, потврдија од Управата за извршување санкции за ,,Фокус”.

Како што појаснуваат од Управата, Ѓорѓиевски боледувал од неколку болести и бил во тешка состојба, приклучен на апарати.

„Почивај во Мир Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата, напиша Горан Ангелов во поршталната Фејсбук објава.

Пред Ѓорѓиевски, во февруари годинава, почина Игор Југ на 54 годишна возраст, објави Скопје.Инфо

Најнови вести од: Македонија

По покана од Марко Рубио, Муцунски утре и задутре во Вашингтон

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

To top