Спорт

Прва победа на „македонскиот“ Престон лајонс во втората лига на Австралија (ВИДЕО)

Најпопуларниот спортски колектив на Македонците во Австралија изби на второто место во групата, кое води во елиминациите

Најпопуларниот спортски колектив на македонската заедница во Австралија, фудбалскиот клуб Престон лајонс, ја забележа првата победа во инаугуралното издание на обединетата втора лига на Австралија, позната како Австралиски шампионат, и тоа на гостински терен од 3:1 над Нортвестерн Сиднеј спирит.

Со двата гола на Џејсон Ромеро и едниот на Брендон Лаутон, составот на тренерот Љупче Ацески славеше убедливо на „Кристи Парк“ во Сиднеј, иако статистиката беше на страна на домаќинот: посед на топката 62:38 отсто, вкупно шутеви 40:18, удари во рамките на голот 28:12.

Клубот на Македонците во Австралија формиран во 1947 година како Престон Македонија по четири одиграни кола е втор во групата Ц со 5 бода, колку што има и НВС спирит, води Авондејл со 8, а последна е Канбера Кроејша со 5.

Двете првопласирани екипи во групата продолжуваат во елиминациите, а во следниот круг на 9 ноември „лавовите“ ќе го пречекаат лидерот Авондејл.

 

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Два дена по триумфот во затворениот натпревар во Автокоманда, македонската ракометна репрезентација доживеа тесен, срцепарателно драматичен пораз од Јапонија со 31:32 (17:16) во последниот пријателски дуел оваа година.

To top