Македонија

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Не смее да се доведе во прашање на македонскиот национален и културен идентитет.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска).

Предмет на разговорот беа актуелните состојби во македонскиот евроинтегративен процес, предизвиците со коишто се соочува политиката на проширување на Европската Унија, како и можностите за надминување на долгогодишниот застој во пристапните преговори, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Сиљановска-Давкова на средбата потсетила на 21-годишниот кандидатски статус на државата и на нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, поткрепена со значајни реформи.

Таа особено ја истакнала целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како потврда на јасната геополитичка определба и доследната поддршка на европските позиции.

Според неа, политичката волја за напредок не треба да се очекува само од земјите кандидатки, туку и од самата Унија, од која се потребни креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој, без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет.

Соговорниците се согласиле дека местото на македонската држава е во Европската Унија, каде што природно припаѓа, независно од предизвиците на патот.

За дел од европратениците, искуството на нивните држави потврдува дека пристапниот процес може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен.

Претседателката им се заблагодари за разбирањето и изрази уверување дека континуираниот дијалог и заедничкиот ангажман можат да придонесат за обновување на динамиката на проширувањето, како стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и единството на Европа.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

To top